-->

SYNLAB ПРЕВЕНЦИЈА

Витаминот на сонцето е неопходен за силен имунитет, здрави коски и општа виталност

Витаминот Д игра клучна улога во вашето целокупно здравје. Тој е одговорен за апсорпцијата на калциум и фосфор, поддржува силни коски, го зајакнува имунолошкиот систем и помага во превенција на многу заболувања. Но, недостатокот на витамин Д е сè почест, особено кај луѓе кои не се изложени доволно на сончева светлина.

Лактозната интолеранција претставува состојба на неможност или намалена способност на варење на млечниот шеќер лактоза. Лактозата со помош на ензимот лактаза (ензим кој ја разградува лактозата) во дигестивниот тракт се разградува на составни делови. Ако во организмот недостасува лактаза, неразградената лактоза доспева во дебелото црево каде создава киселини и гасови.

Не толерирајте интолеранција на храна!

Доколку чувствувате тегоби во дигестивниот тракт време е да му помогнете на Вашиот организам и да ја откриете причината и да ја прилагодите исхраната на Вашите индивидуални потреби.

Фолната киселина или витамин Б9 е значајна за многу важни процеси во организмот. Организмот не може сам да ја произведе, па е неопходно да се внесе преку исхрана или во форма на суплементи. Најмногу е застaпена во овошјето и зеленчукот.

Витаминот Б12 или кобаламин е многу важен, односно есенцијален, водорастворлив витамин од групата Б-витамини. Тоа значи дека телото нема способност самото да го продуцира, па мора да биде внесен со исхраната (или преку суплементација).

Драги посетители! Нашата веб-страна користи колачиња со цел да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат СИТЕ колачиња.