-->

Нашиот тим

М-р Д-р Маја Тодоровска

Управител/ CEO 
Раководител на биохемиска лаб. СИНЛАБ Скопје – Кисела Вода
Вработена во SYNLAB од 2001 год.

Повеќе...

Во нашите лаборатории работи стручен и компетентен тим од 57 вработени, кој со користење на најсофистицирана опрема од висока технологија пружа високо квалитетна и иновативна медицинска лабораториска дијагностика за пациентите во земјава, но и пошироко.

Нашите вработени, ги поседуваат сите неопходни лиценци и дозволи за непречено работење во својата струка. Нашата компанија редовно организира интерни обуки и тренинзи за вработените, но и ги поддржува континуирано да се едуцираат во струката со цел да им се овозможи стабилен и квалитетен раст и развој во нивната кариера.

Нашиот тим е клучот за успех на нашата компанија.

Во сѐ што правиме, фокусирани сме да испорачаме услуги со врвен квалитет за потребите на современата медицинска дијагностика и да бидеме избран партнер за пациентите и за професионалците во здравствениот систем.

Нашите клиенти се фокусот на нашиот интерес.

Со нашите клиенти градиме посебен однос, карактеризиран со отвореност, чесност, почит и доверба. Ние дејствуваме со интегритет во интерес на нашите клиенти и следиме цврсти етички принципи. Ние нудиме безбеден амбиент во кој сите засегнати страни се чувствуваат добредојдени и во добри раце. SYNLAB е транспарентен и комуникацијата е јасна и директна. Ние го мислиме она што го зборуваме. И она што го правиме, го правиме со радост и посветеност.

 

М-р Д-р Ана Момировска

- CMO & Менаџер за квалитет
- Раководител на биохемиска лабораторија 2 СИНЛАБ Скопје – Карпош
- Вработена во SYNLAB од 2001 год.

М-р Д-р Даница Цветковиќ

- Раководител на микробиолошка лабораторија СИНЛАБ Скопје – Аеродром
- Вработена во SYNLAB од 2007 год.

М-р Д-р Анета Ѓорѓиева

- Раководител на биохемиска лабораторија СИНЛАБ - Битола
- Вработена во SYNLAB од 2008 год.

Д-р Ваја Бранковиќ Андреевска

- Раководител на микробиолошка лабораторија 2 СИНЛАБ Скопје – Центар
- Вработена во SYNLAB од 2009 год.

Д-р Александра Георгиевска

- Раководител на биохемиска лабораторија СИНЛАБ Тетово
- вработена во СИНЛАБ од 2020

Драги посетители! Нашата веб-страна користи колачиња со цел да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат СИТЕ колачиња.