-->

SYNLAB ПРЕВЕНЦИЈА

Како до подобра верзија од себе?

WellMe пакетите na Synlab се совршен начин да се информирате за вашето здравје и навремено да ги откриете здравствените проблеми. Toa e серија од внимателно избрани тестови што ќе ви дадат јасна слика за вашето здравје, во која било фаза од животот. Овие анализи се клучни за откривање на сериозни хронични состојби пред да станат поголем проблем.

Кога последен пат го тестиравте нивото на витамин Д?

Единствениот начин да го сочувате вашето здравје, е да се тестирате. Тестот на SYNLAB за витамин Д дава сигурни резултати. Овој тест истовремено ви помага да ги идентификувате можните фактори на ризик при недостаток на витамин Д и ви овозможува приказ на постоечките состојби поврзани со ниското ниво на витамин Д.

Фолната киселина или витамин Б9 е значајна за многу важни процеси во организмот. Организмот не може сам да ја произведе, па е неопходно да се внесе преку исхрана или во форма на суплементи. Најмногу е застaпена во овошјето и зеленчукот.

Лактозната интолеранција претставува состојба на неможност или намалена способност на варење на млечниот шеќер лактоза. Лактозата со помош на ензимот лактаза (ензим кој ја разградува лактозата) во дигестивниот тракт се разградува на составни делови. Ако во организмот недостасува лактаза, неразградената лактоза доспева во дебелото црево каде создава киселини и гасови.

Не толерирајте интолеранција на храна!

Доколку чувствувате тегоби во дигестивниот тракт време е да му помогнете на Вашиот организам и да ја откриете причината и да ја прилагодите исхраната на Вашите индивидуални потреби.

Драги посетители! Нашата веб-страна користи колачиња со цел да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат СИТЕ колачиња.