-->

SYNLAB Македонија

Приватната здравствена установа SYNLAB Скопје е Дијагностичка лабораторија со биохемиска и микробиолошка лабораторија и е дел од Групацијата SYNLAB, eвропски број 1 провајдер на лабораториски услуги, со седиште во Минхен, Германија.

Основана е во 2001 година како Приватна здравствена организација Адриалаб - Ординација по општа медицина и биохемиска лабораторија, за да потоа во 2007 година стане дел од големото семесјтво – SYNLAB Group.

Седиштето на компанијата се наоѓа на Огњен Прица (Антон Попов) бр.1, лок. 3,4,5, Скопје, а во моментов нашата мрежа на лаборатории е распространета на 6 локации од кои четири во Скопје и по една во Битола и Тетово.

Нашиот делокруг на работа подразбира интердисциплинарна работа во делот на издавање резул­тати, нивна интерпретација и повремено сугерирање на можностите за понатамошна дијагностика, сè со цел да се дојде до вистинска дијагноза и да се креира задоволство кај пациентите и верба во нашата работа. Работата во лабораторијата рефлектира вистински квалитет кога услугата ќе ги задоволи договорените барања со клиентите и кога резултира со оптимална ефикасност.

SYNLAB Скопје е акредитирана од Институтот за акредитација на РСМ, согласно стандардот ISO 15189:2013 и истата е гаранција за квалитетот на нашите услуги. Исто така, дополнително сме сертифицирани преку надворешна контрола на квалитет од INSTAND e.V., Германија и BIO-RAD, САД. Акредитацијата и сертифицирањето во секој случај гарантираат високо ниво на квалитет на услугите и доверливост во резултатите.

Наши клиенти се голем број на физички лица, лекарски ординации, поликлиники, болници, медицински и истражувачки лаборатории, работни организации.

 

Драги посетители! Нашата веб-страна користи колачиња со цел да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат СИТЕ колачиња.