Приватната здравствена установа SYNLAB Скопје е дијагностичка лабораторија со биохемиска и микробиолошка лабораторија. Таа е дел од Групацијата SYNLAB и истата нуди широк спектар на услуги од областа на хуманата медицина како што се:
- Испитување на хуман биолошки материјал
- Основен биохемиски профил (ЛУ 1)
- Проширен биохемиски профил
- Микробиолошки и паразитолошки испитувања
- Специфични и ретки испитувања во соработка со експертски лабораториски центри од Групацијата СИНЛАБ ширум Европска Унија
- Земање на хуман биолошки материјал
- Земање на хуман биолошки материјал во домашни услови и други специфични услови
- Подготовка за транспорт и транспорт на хуман биолошки материјал во и вон Републиката
- Консултации за пациенти и
- Консултации за клиенти
Повеќе детали за нашите услуги и за нашите лабораториски тестови може да видите во каталогот подолу.