-->

Оглас за вработување: Медицински лабораториски аналитичар

Во потрага сме по медицински лабораториски техничар кој ќе биде одговорен за изведување на рутински и специјализирани лабораториски тестови во нашата лабораторија во Битола. Оваа позиција бара прецизност и способност за работа со различни биолошки примероци. 

Работен однос

Станува збор за работен однос на определено време со можност за продолжување на истиот на неопределено време.  

Одговорностите на оваа позиција вклучуваат изведување на биохемиски анализи, испитувања на различни биолошки материјали и користење на напредни аналитички техники.

Главни задачи и одговорности:

  • Собирање, подготвување и обработка на биолошки примероци
  • Спроведување на лабораториски тестови и анализа на резултати
  • Работа со лабораториска опрема и машини (автомати, микроскопи, центрифуги)
  • Водење прецизна лабораториска документација и записи
  • Одржување на лабораториската опрема и нејзино правилно користење
  • Осигурување дека сите лабораториски процедури се во согласност со регулаторните стандарди
  • Работа на терен
  • Венепункција

Квалификации и вештини:

  • Диплома од завршено средно медицинско образование со положен државен испит или висока медицинска школа (медицински лабораториски аналитичар)
  • Минимум 3 години работно искуство во медицинска лабораторија
  • Способност за работа со лабораториска опрема и софтвер за анализа на податоци
  • Високо ниво на точност и внимание на детали
  • Способност за тимска работа и организација
  • Познавање на протоколи за хигиена и безбедност
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач)

Што нудиме:

  • Конкурентна плата за полно работно време и бенефиции
  • Можности за професионален развој и обука
  • Пријатна и колегијална работна атмосфера
  • Пристап до најсовремена опрема и технологии

Начин на аплицирање:

Ве молиме испратете ваша биографија (CV) на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 25.10.2024 год. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во нашата компанија. 

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати. 

Драги посетители! Нашата веб-страна користи колачиња со цел да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат СИТЕ колачиња.