Бараме мотивиран и квалификуван биохемичар кој би сакал да се приклучи на нашиот тим во нашата лабораторија во Битола.
Работен однос
Станува збор за работен однос на определено време со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Одговорностите на оваа позиција вклучуваат изведување на биохемиски анализи, испитувања на различни биолошки материјали и користење на напредни аналитички техники.
Главни задачи и одговорности:
- Спроведување и интерпретација на биохемиски тестови
- Ракување со лабораториска опрема и аналитички инструменти
- Подготвување и анализа на биолошки примероци
- Почитување на стандардите за лабораториска безбедност и регулаторните барања
- Собирање материјали од терен
- Венепункција
Квалификации и вештини:
- Диплома од областа на биохемијата, хемија или сродна наука (постдипломско образование е предност)
- Искуство во работа со лабораториска опрема и техники
- Добри аналитички способности и внимание на детали
- Способност за индивидуална и тимска работа и работа под притисок
- Познавање на стандардите за квалитет и безбедност во лабораторија
- Професионален однос
- Способност за превземање иницијатива
- Мотивираност за постојана едукација и надградување
- Динамичност, исполнителност и совесност
- Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
Што нудиме:
- Конкурентна плата за полно работно време и бенефиции
- Можности за професионален развој и обука
- Пријатна и колегијална работна атмосфера
- Пристап до најсовремена опрема и технологии
Начин на аплицирање:
Ве молиме испратете ваша биографија (CV) на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 25.10.2024 год. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во нашата компанија.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.