Европски #1 за медицинска лабораториска дијагностика
SYNLAB е европски број 1 провајдер на медицински дијагностички услуги, со комплетна понуда на медицински лабораториски услуги за пациенти, лекари, клиники и фармацевската индустрија. Формирана со комбинација на Labco и SYNLAB, новата Групација SYNLAB) е лидер без конкуренција на Европскиот пазар на медицински лабораториски услуги.
Со комбинирање на мрежите и широкиот опсег на иновативни дијагностички тестови од двете компании, лабораториските услуги на SYNLAB сега се достапни локално, во 40 држави. SYNLAB ги комбинира придобивките од широко распространета пан-Европска мрежа, со предностите на локално присутен провајдер на дијагностички услуги. Ние им нудиме локален и персонализиран пристап на нашите клиенти истовремено црпејќи од широчината и длабочината на меѓународната експертиза на SYNLAB.
Накратко...
- присутни сме во 36 земји распространети на 4 контитнети
- нашиот тим брои повеќе од 20,000 вработени
- годишно се прават над 500 милиони лабароаториски тестови само во Европа
- нашите анализи вклучуваат преку 4000 аналитички параметри (хумана, ветеринарна и еколошка лабораториска медицина)
Нашиот пристап
SYNLAB обезбедува мултидисциплинарен пристап за брза, висококвалитетна, ефикасна и точна дијагностика во областа на хумана медицина, фармацевтски производи, ветеринарна медицина, анализа на животната средина.
Благодарение на нашата солидна глобална организација можеме да гарантираме:
- Лично советување за пациенти на локално ниво, вклучувајќи го притоа широкиот спектар на меѓународна експертиза на групацијата SYNLAB
- Максимален фокус на медицинска иновација благодарение на достапноста и соработката со универзитетите и фармацевтските истражувања
- Центри за извонредност кои гарантираат логистика со врвен квалитет
- Ниски трошоци, висок квалитет и намалено време на чекање.
Мрежа на полидијагностички центри
SYNLAB, преку своите полидијагностички центри, нуди интегриран пристап кон дијагностиката, кој се состои од специјализирани амбулантски услуги, слики, нуклеарна медицина, персонализирана медицина, и е резултат на најнапредните технологии.
Полидијагностичките центри на групата SYNLAB се признати и сигурни структури, врвни на територијата на која што се предлагаат себеси како референтни соговорници со цел да дадат одговори на лекарите и пациентите, притоа применувајќи ја логиката на „СЕ НА ЕДНО МЕСТО“.