-->

Витамин Д - Клучот за вашето здравје

Витаминот на сонцето е неопходен за силен имунитет, здрави коски и општа виталност

Витаминот Д игра клучна улога во вашето целокупно здравје. Тој е одговорен за апсорпцијата на калциум и фосфор, поддржува силни коски, го зајакнува имунолошкиот систем и помага во превенција на многу заболувања. Но, недостатокот на витамин Д е сè почест, особено кај луѓе кои не се изложени доволно на сончева светлина.

Нашата лабораторија ви нуди брзо и прецизно тестирање на нивото на витамин Д за да можете да преземете чекори кон подобро здравје.

 

Што всушност е витамин Д и зошто е важен?

Витаминот Д е растворлив во масти и се произведува природно кога кожата е изложена на сончева светлина.  Овој витамин е од суштинско значење за добро здравје и за силен имунолошки систем. Добивањето на потребната количина витамин Д може да помогне во спречување и лекување на неколку здравствени состојби, како што се висок крвен притисок, дијабетес, инфекции, кардиоваскуларни болести, мултиплекс склероза и некои видови карцином, како што се карцином на дебело црево, простата и карцином на дојка.

Тој помага во:

  • Одржување на здрави коски и заби
  • Подобрување на функцијата на имунолошкиот систем
  • Намалување на ризикот од хронични заболувања, како дијабетес и срцеви болести
  • Заштита од депресија и замор

 

Дали знаете дека имате недостаток на витамин Д?

Многу луѓе имаат недостаток од витамин Д, без да се свесни за тоа. Ниските нивоа на витамин Д се поврзани со многу сериозни болести и други здравствени проблеми. Еве некои од знаците и симптомите на недостаток на витамин Д:

  • Чувство на постојан замор
  • Болки во мускулите и слабост
  • Чести настинки или инфекции
  • Проблеми со коските
  • Опаѓање на косата
  • Вознемиреност

Не чекајте додека симптомите не станат посериозни – превенцијата е најдобриот лек.

Како се изведува тестирањето?

  • Посетете ја нашата лабораторија или закажете термин преку веб-страницата на следниов линк.
  • Земаме мал примерок од вашата крв.
  • Резултатите ги добивате истиот ден и истите содржат прецизен извештај за нивото на витамин Д во вашето тело.
  • Добивате електронска брошура за Витамин Д со информации и совети.

 

Кога последен пат го тестиравте нивото на витамин Д?

Единствениот начин да го сочувате вашето здравје, е да се тестирате. Тестот на SYNLAB за витамин Д дава сигурни резултати. Овој тест истовремено ви помага да ги идентификувате можните фактори на ризик при недостаток на витамин Д и ви овозможува приказ на постоечките состојби поврзани со ниското ниво на витамин Д.

Не чекајте да го изгубите балансот во телото. Проверете го нивото на витамин Д денес!

Закажете термин онлајн уште веднаш!

Доверете ни го вашето здравје

Нашата лабораторија е лидер во прецизноста и професионалноста. Со години искуство и стотици задоволни клиенти, ви гарантираме точни и прецизни резултати и професионална услуга во секој поглед.

Здравјето е вашата најголема инвестиција. Не дозволувајте недостатокот на витамин Д да го наруши вашето секојдневие.  

Нашиот тест за витамин Д е најдобриот начин да бидете сигурни дека вашето тело добива се што му е потребно за да функционира најдобро.

Закажете го вашиот тест за витамин Д во SYNLAB лабораториите денес. 

 

Драги посетители! Нашата веб-страна користи колачиња со цел да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат СИТЕ колачиња.