-->

Фолна киселина

Фолната киселина или витамин Б9 е значајна за многу важни процеси во организмот. Организмот не може сам да ја произведе, па е неопходно да се внесе преку исхрана или во форма на суплементи. Најмногу е застaпена во овошјето и зеленчукот.

Фолната киселина е вклучена во голем број на метаболни процеси, а недостатокот доведува до анемија, кардиоваскуларни заболувања, депресија, несоница, пад на имунитет, хроничен замор.
Од голема важност е употреба на фолна киселина кај жени во период пред бременост како и во текот на бременоста, обезбедувајќи нормален раст и развој на плодот.

Драги посетители! Нашата веб-страна користи колачиња со цел да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат СИТЕ колачиња.