-->

Интолеранција на лактоза

Лактозната интолеранција претставува состојба на неможност или намалена способност на варење на млечниот шеќер лактоза. Лактозата со помош на ензимот лактаза (ензим кој ја разградува лактозата) во дигестивниот тракт се разградува на составни делови. Ако во организмот недостасува лактаза, неразградената лактоза доспева во дебелото црево каде создава киселини и гасови.

Неразградената лактоза може да предизвика широк спектар на симптоми и тоа во рок од 30 мин. до 2 часа по конзумирање на млечни производи. Симптомите можат да варираат од благи до тешки, а вклучуваат тегоби како болки во стомакот, грчеви, надуеност, мачнини, течна столица што значајно влијаат на квалитетот на животот на човекот. Зачестеност на генетската предиспозиција за интолеранција на лактоза на овие простори изнесува и до 50%. Доколку имате некои од горе наведените симптоми по конзумирање на млеко и/или млечни производи потребно е да направите тест за интолеранција на лактоза. Повелете во нашите лаборатории, ве очекуваме!

 

Драги посетители! Нашата веб-страна користи колачиња со цел да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат СИТЕ колачиња.