-->

Витамин D

Модерниот начин на живот, културолошките обичаи со намалена изложеност на сонце и отсуството на витамин D во повеќето видови храна, заедно доведуваат дефицитот на витамин D да е изненадувачки чест наод. Витаминот D се создава природно во кожата кога телото е изложено на директна сончева светлина.

Вкупниот витамин D се метаболизира во црниот дроб и бубрезите во активна форма витамин D3, зависно од потребите на организмот. Витаминот D3 се врзува на јадрениот рецептор за витамин D присутен во повеќе ткива и органи и со тоа ја остварува својата биолошка функција.

Витаминот D ги има следнавиве функции во нашето тело:

  • Одржување на здравјето на коските и забите.
  • Поддршка на здравјето на имуниот систем, мозокот и нервниот систем.
  • Го регулира нивото на инсулин и помага за регулирање на дијабетесот.
  • Поддршка на функцијата на белите дробови и кардиоваскуларното здравје.
  • Штити од развој карцином.

Со оглед на фактот дека 40-60 проценти од возрасните Европејци страдаат од дефицит на витамин D, препорачливо е да се направи тест за одредување на нивото на витамин D во крвта. Врз основа на резултатите од тестирањето дефицитот на витамин D, доколку постои, едноставно ќе го корегирате со суплементи и ќе превенирате многу хронични здравствени состојби. Одговорот е на чекор до Вас!

Направете контрола на нивото на Витамин D во SYNLAB.
☎️ 3107 107

 

Драги посетители! Нашата веб-страна користи колачиња со цел да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат СИТЕ колачиња.