Целта на овој тест е откривање на микротрагови од крв во изметот кои не се видливи со голо око.
Седум дена пред и за време на извршување на тестот треба да се избегнува земање на лекови (освен оние што се неопходни).
Три дена пред тестирањето пациентот треба да се придржува кон одреден тип на исхрана:
ДОЗВОЛЕНО Е: добро варено месо, живина, јогурт, млеко, варено овошје и зеленчук, житарици, салати, кикирики, ореви, лешници, бадеми и сл.
ЗАБРАНЕТО Е: недоволно печено црвено месо, па штети, колбаси, бела репка, диња, лубеница, рен, банани и домати, витамин Ц, портокали и лимони.
Примерокот (измет) се носи во стерилен кон тејнер кој може да се добие во нашата лабо раторија.
Примерокот е потребно да го доне сете во рок од 2-3 часа или да го ставите во фрижидер и да го донесете во рамките на 24 часа од земањето.
Предвидено е тестот да се прави на три примероци од измет земени во текот на три дена.
Тестот треба да се одложи при менструација, дијареа, крвавење предизвикано од хемороиди и од уринарен тракт.
Резултатите се готови истиот ден!