-->

Упатство за подготовка на пациентот за лабораториски анализи

Пациентот пред вадење крв треба да биде гладен минимум 12 часа. Можни се исклучоци за одредени анализи во консултација со лабораторијата.

Доколку се одредуваат масти пациентот треба да биде гладен минимум 16 часа (во тој период може да се пие само вода).

Еден ден пред вадење крв се препорачува лесна, немасна храна. Избегнувајте млеко и млечни производи, пржена храна, јајца, масно месо, бел леб, масло и колачи.

Сите лекови и додатоци во исхраната треба да се прекинат 48 часа пред вадење крв (тоа не се однесува на лековите кои пациентот редовно ги прима).

Пред вадење на крв треба да се избегнува интензивна телесна активност и консумација на алкохол, минимум 48 часа.

Рано наутро кога се вади крв не е дозволено ништо да се консумира, освен вода.

Драги посетители! Нашата веб-страна користи колачиња со цел да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат СИТЕ колачиња.