24 Часовна урина се собира така што првата утринска урина се исфрла, собирањето почнува со втората порција урина.
Понатаму секоја наредна порција урина во текот на денот и ноќта се собира во голем сад. Собирањето 24-часовна урина завршува со додавање на првата утринска порција урина од наредниот ден во садот за собирање.
Урината се собира во чист, доволно голем сад (околу 2Л). За време на целата постапка садот (или садовите) потребно е да се чуваат на ладно место. Откако ќе се собере примерокот потребно е истиот ден да се однесе во лабораторија.
ИСКЛУЧИТЕЛНО Е ВАЖНО ДА СЕ ДОНЕСЕ ЦЕЛОТО КОЛИЧЕСТВО СОБРАНА УРИНА ВО ЛАБОРАТОРИЈАТА!