За бактериолошко испитување на урината, т.н. уринокултура, се зема утринска урина (или урина која барем 4 часа стоела во мочниот меур), освен во случаи на тешка клиничка слика кога урина може да се зема во било кое време на денот, а сето ова е веродостојно ако не се зема антимикробна терапија.

Урина се зема дома во стерилна чашка по следниот протокол:

  1. Прво се прави тоалета на надворешните генитални органи, со млака вода и благ сапун, без дезинфициенси. Кај мажите доволно е едно измивање со повлечен препуциум, а кај жените се препорачуваат неколку измивања и собирање на урината веднаш по тоалетата.
  2. Во текот на мокрењето првиот млаз се отфрла бидејќи е контаминиран со физиолошката флора на уретрата, а се собира средниот, без да се прекинува мокрењето, во количина од околу 2-5 ml урина, директно во стерилната чашка.

Ако урината не може да се обработи во микробиолошка лабораторија најдоцна 2 часа по мокрењето, таа треба да се чува во фрижидер на +4 oC или на ладно место, најмногу 24 часа.