Материјал од уретра се зема со тенок брис, ако пациентот не мокрел барем 3 часа. За изолирање на гонокок се зема капка уретрален секрет кој спонтано се јавува. За бактериолошки преглед брисот се внесува во уретрата најмалку 2 cm и се ротира. За микоплазма и уреоплазма постапката е иста, само што е втор по редослед. За докажување на хламидиска инфекција (третиот брис) треба да се загребе ѕидот на уретрата за да се земат епителни клетки.