Се зема по претходна тоалета на надворешните гениталии, при што пациентот треба прво да се измокри, па да се собере спермата директно во стерилниот сад. Примерокот треба да се обработи во рок од 2 часа. За да се исклучат грешки при интерпретација на наодите, пожелно е да се испита паралелно уретрален брис и урина.