Тоалета се прави навечер пред спиење. Брисот се зема наутро, по будењето, пред тоалета и мокрење со помош на 5-7 cm проѕирна, леплива лента (селотејп), која внимателно се лепи на аналните набори, а потоа се залепува на предметно стакленце, без да се допрат рабовите и без меурчиња од воздух.

Сет за земање перианален брис, како и шишенце (сад) за фецес може да се добие во нашата лабораторија.