Се зема со стерилен брис низ спекулум. Обично се зема од задниот фаринкс на вагината. Што се однесува до цервикалните брисеви, првиот е бактериолошки, вториот за микоплазма и уреоплазма, а третиот за хламидија. Ако се испраќа ендометријален примерок, треба да се внимава да се избегне контаминација на истиот со вагинални секрети. Секаде каде се очекува анаеробна инфекција, материјалот треба да биде транспортиран во соодветен медиум за анаеробно култивирање.