Брис од коњуктива се зема наутро, пред миење на очите, со стерилен брис, посебно од левото и од десното око. Со левата рака се држат широко отворени двете палпебри, додека пациентот гледа нагоре, а со десната се пребришува секретот од коњуктивното кесе на долната палпебра, од темпорално кон назално. Кога се зема брис за докажување на антигените на хламидија трахоматис, треба да се соберат епителни клетки од коњуктивата во кои оваа бактерија се содржи интрацелуларно (поагресивно загребување).