Се зема наутро по претходно плакнење на устата со вода (по можност млака), која не содржи дезинфекциони средства (од водовод), или со физиолошки раствор. По длабоко, силно поттикнато кашлање од длабоко вдишување, треба да се исплука искашлокот во стерилниот сад, со што помалку плунка која го контаминира примерокот. Од истиот пациент пожелно е да се испрати и брис од ждрело за споредба на микрофлората на гушата со наодот од спутумот. Кај доенчиња и мали деца кои не искашлуваат, наместо спутум, се испраќа само брис од ждрело.