Од кожа и достапни слузници се зема со брис по инцизија или спонтана руптура, или со пункција. Брис се зема од длабината на раната, а не од нејзината површина и се транспортира во соодветен медиум за анаеробно и аеробно култивирање. Брисеви не треба да се користат ако се сомневаме дека причинители на инфекција се анаеробни бактерии. Наместо тоа, се препорачува аспирација на материјалот со игла и шприц. Во случај на постоење на апсцеси, везикули, пустули и гнојни колекции со различна локализација, пред нивна спонтана руптура или инцизија, материјалот за преглед се зема со пункција, со помош на стерилен шприц и во него се транспортира.