Се користи тенок жичен брис кој се свиткува под тап агол и внимателно се вовлекува низ носниот отвор се додека не се осети отпор, без да се допре кожата и надворешниот отвор. Доволно е да се земе само од една ноздра, ако е проодна. Во спротивно со истиот брис се продира низ другата, се до ѕидот на назофаринксот (може да се користи и носен спекулум). Ако пациентот не соработува (дете и друго), брисот се намакува во издрениран носен секрет, ако постои, или се испраќа ретрофарингеален секрет како брис од назофаринкс.