-->

About Us

НАШАТА МИСИЈА

Ние обезбедуваме активни дијагностички информации за здрав живот и благосостојба за сите.
Нашата цел е да обезбедиме солидна и сигурна основа за да може нашите клиенти да ги донесат најдобрите можни одлуки за терапија. Ние нудиме највисок степен на персонализирани лабораториски услуги за дијагностика и поставуваме револуционерни стандарди за квалитет. SYNLAB е неприкосновен европски лидер на пазарот со сеопфатна понуда на услуги што дава витален придонес за заштитата на јавното здравје. Ние соработуваме само со најдобрите и ги поттикнуваме научните иновации со нашата меѓународна мрежа на експерти. Во SYNLAB нашите аналитички процеси и методи се најсовремени, зацврстувајќи ја нашата позиција како лидери во индустријата на лабораториски услуги.

НАШАТА ВИЗИЈА

Лидерство преку извонредност во услугата за пациентите и медицинската заедница со сигурна дијагностика и додадена вредност.
Без разлика дали станува збор за пациенти или пак за клиенти од медицинскиот професионален свет - SYNLAB е лидер во индустријата во обезбедувањето на лабораториски дијагностички услуги. Поставуваме стандарди кои ги надминуваат очекувањата на нашите клиенти. Професионалниот и страстен став кон услугата и грижата за клиентите ни овозможува да испорачаме сигурни дијагнози кои создаваат вистинска додадена вредност. Во SYNLAB секогаш сме подготвени да изодиме дополнителни километри со цел да ги задоволиме потребите на нашите клиенти. Ние се стремиме да ја прошириме и подобриме нашата мрежа и да го смениме европскиот пазар за медицински дијагностички услуги, а со тоа да го посветиме вниманието на совршеноста и најдобрите практики.

НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ

Ние имаме посебен однос со нашите клиенти, карактеризиран со отвореност, чесност, почит и доверба. Дејствуваме со интегритет во интерес на нашите партнери и следиме цврсти етички принципи.
Нудиме безбеден простор во кој сите засегнати страни се чувствуваат добредојдени и во сигурни раце. SYNLAB е транспарентна компанија и комуникацијата е јасна и директна. Ние го мислиме на она што го зборуваме, и она што го правиме, го правиме со радост и посветеност.

  • Страст

Начин на размислување заснован на индивидуален и колективен претприемачки дух, вграден во културата на постојано подобрување и посветеност да се поттикнат научните иновации преку истражување.

  • Одговорност

Признавање на лична и корпоративна одговорност заснована на силно управување и етика, вреднување на разновидната и инклузивна работна сила во создавање на просперитетна работна средина и промовирање на благосостојбата на нашите луѓе и другите со кои работиме.

  • Фокус кон клиентите

Во срцето на нашата работа е обезбедувањето услуги со додадена вредност за клиниките и пациентите, поткрепени со култура на висококвалитетна испорака и сигурност. Ние се стремиме да дизајнираме и имплементираме побезбедни услуги кои ја почитуваат животната средина. Развојот на иницијативи инспирирани од ESG во рамките на Групацијата е еден од клучните столбови во нашите напори да обезбедиме највисок квалитет на дијагностички услуги.

 

Семеен пакет (за 2 и повеќе лица) по одлична пакет цена од само 2250ден. по PCR тест. COVID-19 RT PCR тест за патување, за летување, за ваша заштита и проверка.

SYNLAB е на листата лаборатории кои имаат дозвола од Министерството за здравство да вршат тестирање на Ковид 19.

SYNLAB е исто така акредитирана лабораторија од Институтот за акредитација на Македонија.

ТЕСТИРАЊЕТО Е САМО СО ЗАКАЖУВАЊЕ НА ТЕЛЕФОНOT 02-3107-144

 

 

Приватната здравствена установа SYNLAB Скопје е дијагностичка лабораторија со биохемиска и микробиолошка лабораторија. Таа е дел од Групацијата SYNLAB и истата нуди широк спектар на услуги од областа на хуманата медицина како што се:

  • Испитување на хуман биолошки материјал
  • Основен биохемиски профил (ЛУ 1)
  • Проширен биохемиски профил
  • Микробиолошки и паразитолошки испитувања
  • Специфични и ретки испитувања во соработка со експертски лабораториски центри од Групацијата СИНЛАБ ширум Европска Унија
  • Земање на хуман биолошки материјал
  • Земање на хуман биолошки материјал во домашни услови и други специфични услови
  • Подготовка за транспорт и транспорт на хуман биолошки материјал во и вон Републиката
  • Консултации за пациенти и
  • Консултации за клиенти

Повеќе детали за нашите услуги и за нашите лабораториски тестови може да видите во каталогот подолу.

 

Приватната здравствена установа SYNLAB Скопје е Дијагностичка лабораторија со биохемиска и микробиолошка лабораторија и е дел од Групацијата SYNLAB, eвропски број 1 провајдер на лабораториски услуги, со седиште во Минхен, Германија.

Основана е во 2001 година како Приватна здравствена организација Адриалаб - Ординација по општа медицина и биохемиска лабораторија, за да потоа во 2007 година стане дел од големото семесјтво – SYNLAB Group.

Седиштето на компанијата се наоѓа на Огњен Прица (Антон Попов) бр.1, лок. 3,4,5, Скопје, а во моментов нашата мрежа на лаборатории е распространета на 6 локации од кои четири во Скопје и по една во Битола и Тетово.

Нашиот делокруг на работа подразбира интердисциплинарна работа во делот на издавање резул­тати, нивна интерпретација и повремено сугерирање на можностите за понатамошна дијагностика, сè со цел да се дојде до вистинска дијагноза и да се креира задоволство кај пациентите и верба во нашата работа. Работата во лабораторијата рефлектира вистински квалитет кога услугата ќе ги задоволи договорените барања со клиентите и кога резултира со оптимална ефикасност.

SYNLAB Скопје е акредитирана од Институтот за акредитација на РСМ, согласно стандардот ISO 15189:2013 и истата е гаранција за квалитетот на нашите услуги. Исто така, дополнително сме сертифицирани преку надворешна контрола на квалитет од INSTAND e.V., Германија и BIO-RAD, САД. Акредитацијата и сертифицирањето во секој случај гарантираат високо ниво на квалитет на услугите и доверливост во резултатите.

Наши клиенти се голем број на физички лица, лекарски ординации, поликлиники, болници, медицински и истражувачки лаборатории, работни организации.

 

Драги посетители! Нашата веб-страна користи колачиња со цел да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат СИТЕ колачиња.