СИНЛАБ: ПОЛИТИКА НА КОЛАЧИЊА

Сакаме да се осигураме дека ќе уживате во пребарувањето на нашата веб-страница и дека ќе имате професионално искуство. Затоа, оваа веб-страница поставува „колачиња" на вашиот компјутер за да собира податоци за вашата употреба на нашата веб-страница.

 

1.    ШТО СЕ КОЛАЧИЊА?

 

1.1.   Колачињата се текстуални датотеки што содржат малку податоци, кои се симнуваат на вашиот уред кога посетувате веб-страница. Колачињата потоа се испраќаат назад до веб-страницата од која водат потекло, при секоја последователна посета, или на друга веб-страница која го препознава тоа колаче.

1.2. Колачињата им овозможуваат на нашите системи да го препознаат уредот на корисникот и да ги направат сите преподесувања веднаш достапни.

1.3. Штом корисникот пристапи на платформата, колаче ќе се испрати на хард дискот на компјутерот на соодветниот корисник.

 

2.    ЗОШТО СЕ КОЛАЧИЊАТА КОРИСНИ?

 

2.1.   Колачињата се корисни затоа што:

• дозволуваат веб-страницата да го препознае корисничкиот уред и да ја насочи прикажаната содржина на интересите на корисникот

• Помагаат да ја подобриме нашата веб-страница, да ви понудиме подобра услуга, поприлагодена на вашите барања

• ни овозможуваат да го препознаеме вашиот уред кога ќе се вратите на нашата веб-страница

• чуваат податоци за вашите омилени активности на веб-страницата, со што ни овозможуваат да ја прилагодиме нашата веб-страница на вашите индивидуални интереси. Онаму каде што е дозволено, ова може, на пример, да вклучува рекламирање според вашите лични интереси и да ја забрза стапката според која може да се справуваме со вашите прашања

2.2. Со користење на нашата веб-страница вие се согласувате дека, освен ако не сте го поставиле прелистувачот на вашиот компјутер да ги отфрли, ние можеме да ги поставиме видовите колачиња долу на вашиот уред и да ги употребуваме тие податоци во согласност со оваа политика.

2.3.  Можете да најдете повеќе информации за колачиња на: www.allaboutcookies.org и www.youronlinechoices.eu за видео за колачиња посетете www.google.co.uk/goodtoknow/data-on-the-web/cookies/.

 

3.    ТИПОВИ НА КОЛАЧИЊА

Постојат два пошироки типа на колачиња – „директни колачиња" и „индиректни колачиња":

3.1.   Директните колачиња (first party cookies) се колачиња кои директно ги користи операторот на веб-страницата на вашиот компјутер и често се користат за препознавање на вашиот компјутер кога се враќа повторно на таа веб-страница и за помнење на вашите преференции додека пребарувате на страницата. Во принцип, нашите колачиња се од овој тип.

3.2.   Колачиња на трети лица (third-party cookies) се колачиња кои ги користи некој давател на услуги во име на операторот на веб-страницата и може да се користат од страна на давателот на услуги за препознавање на вашиот компјутер кога посетувате и други веб-страници. Индиректните колачиња најчесто се користат за аналитика на веб-страници или рекламни цели.

 

4.    УПОТРЕБА НА КОЛАЧИЊА

 

4.1.   Оваа табела ги објаснува колачињата што ги употребуваме и зошто.

Име

Цел

Истекува по

_ga

Се поставува уникатна идентификација за да се генерираат статистички податоци за тоа како посетителот ја користи веб страницата.

2 години

gat._anonymizeIp();

Ги користи [Google Analytics] за да обезбеди дека IP адресите се собираат анонимно (IP маскирање)

1 минута

_gid

За уникатна детекција и разликување на секој посетител

24 часа

fe_typo_user

Се користи за помнење на некои подесувања, и се однесува само за најавени корисници на веб страницата. За сите други посетители е случајно генерирана ознака која не се зачувува.

Додека трае сесијата на веб прелистувачот

 

4.2.   Синлаб не го регулира објавувањето колачињата на трети страни. Посетете ја веб-страницата на релевантните даватели на услуги ако сакате да дознаете повеќе за овие колачиња.

4.3.   Ако не сакате да користите колачиња, можете да го поставите вашиот прелистувач складирањето на колачињата да не се прифаќа.

4.4.     Ако сакате да ги прифатите само нашите колачиња, но не и колачињата на нашите даватели на услуги и партнери, изберете „блокирај индиректни колачиња" (do not allow third-party cookies) или слични поставувања во вашиот прелистувач.

 

5.    употреба на Google analytics

5.1.    Оваа веб-страница користи Google Analytics, услуга за веб-аналитика обезбедена од Google Inc., 1600 Amphitheatre Parkway, Mountain View, CA 94043 ("Google").

5.2.   Google Analytics исто така користи „колачиња", текстуални датотеки што се зачувуваат на вашиот уред, за да помогнат во анализирањето на начинот на кој вие ја користите веб-страницата.

5.3.   Информациите генерирани преку колачето за вашата употреба на оваа веб-страница обично се пренесуваат до серверот на Google во САД и се складираат таму.

5.4.   Во случај на активирана IP анонимизација на оваа веб-страница, сепак, вашата IP адреса е првично скратена од Google во рамките на земјите-членки на Европската унија или во други земји-членки на Европската економска област. Само во исклучителни случаи целосната IP адреса е пренесена до серверот на Google во САД и скратена таму.

5.5.   Во наше име, Google ќе ги користи овие информации за да ја процени вашата употреба на веб-страницата, да состави извештаи за веб активностите и да обезбеди дополнителни услуги поврзани со користењето на веб-страницата и интернетот за нас. IP адресата, пренесена од вашиот прелистувач преку Google Analytics, нема да биде поврзана со други податоци што ги поседува Google.

5.6.   Можете да спречите складирање на колачиња со соодветни поставувања на софтверот на прелистувачот; во овој случај, сепак, ве молиме имајте во предвид дека можеби нема да можете целосно да ги користите сите функции понудени од оваа веб-страница. Можете да спречите Google да собира и процесира податоци генерирани преку колачето и поврзани со вашето користење на веб-страницата (вклучувајќи ја и Вашата IP адреса) со преземање и инсталирање на plug-in прелистувач од следниов линк: http://tools.google.com/dlpage/gaoptout .

 

6.    ПРОМЕНА НА ПРЕФЕРЕНЦИТЕ НА ВАШИТЕ КОЛАЧИЊА  

Повеќето веб прелистувачи овозможуваат некаква контрола над колачињата преку поставките на прелистувачот (на пример, известувања за нови колачиња, оневозможување на колачиња и бришење на колачиња). Дознајте повеќе на www.allaboutcookies.org  или www.allaboutcookies.org.

 

Верзија: 01