За нас

Име на компанијата: Приватна здравствена установа СИНЛАБ Скопје - Дијагностичка лабораторија со биохемиска и микробиолошка лабораторија, дел од Групацијата СИНЛАБ, Европски број 1 провајдер на лабораториски услуги, со седиште во Минхен, Германија.

Основана: 2000 година како Приватна здравствена организација Адриалаб - Ординација по општа медицина и биохемиска лабораторија.

Цели на компанијата: давање на лабораториски услуги од областа на хуманата медицина.

Број на анализи во 2016: 1.185.000

Број на пациенти (приеми) во 2016: 190.000

Број на вработени: 40, од кои 6 лекари специјалисти по медицинска биохемија и микробиологија со паразитологија

Структура на вработените: повеќе од 60% со високо образование.

Број на локации во Македонија: три во Скопје (во К. Вода, Центар и Карпош), по една во Битола и Тетово.

Акредитација: СИНЛАБ е акредитирана од ИАРМ (Институт за акредитација на Р. Македонија) согласно МКС ИСО 15189:2013 под реден број МЛ-001.

СИНЛАБ е сертифицирана преку надворешна контрола на квалитет од INSTAND e.V., Германија и BIO-RAD, САД.

Структура на клиенти: физички лица, лекарски ординации, поликлиники, болници, медицински и истражувачки лаборатории, работни организации.

Седиште на компанијата: Огњен Прица (Антон Попов) бр.1, лок. 3,4,5, Скопје

Управител: М-р д-р Маја Тодоровска, специјалист по медицинска биохемија