Визија

ПЗУ СИНЛАБ се стреми кон креирање на пријатна и безбедна работна средина, во која стручен и компетентен тим од здравствени работници и соработници, со користење на најсофистицирана опрема од висока технологија, посветено ќе пружа високо квалитетна и иновативна медицинска лабораториска дијагностика за пациентите во Р. Македонија и пошироко.

Мисија

Нашите пациенти се центарот на нашата работа. Во сѐ што правиме, фокусирани сме да испорачаме најдобри можни услуги за нашите пациенти. Се стремиме да испорачаме најширока палета на услуги со врвен квалитет за потребите на современата медицинска дијагностика и да бидеме избран партнер за професионалците во здравствениот систем и пациентите во регионот.   

Вредности

Грижа | Квалитет | Доверливост | Медицински иновации | Научни достигнувања | Доверба | Интегритет | Ефикасност | Достапност | Посветеност на клиентот