ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ

а) ПЗУ СИНЛАБ дијагностичка лабораторија со биохемиска лабораторија и микробиолошка лабораторија нуди услуги од  доменот на лабораториска хумана медицина (медицинска биохемија и микробиологија). Лабораториите на локација ул. Огњен Прица бр. 1 лок. 3, 4 и 5, Скопје, на локација ул. Париска бр. 24, Скопје, на локација ул. Маршал Тито бр. 132, Битола и на локација ул. Крушевска Република бр. 345/1, Тетово, обезбедуваат услуги од доменот на медицинска биохемија. Лабораториите на локација бул. Јане Сандански бр. 24 лок.4 и 4а, Скопје и на локација ул. Мајка Тереза бр. 35, Скопје обезбедуваат услуги од доменот на медицинска микробиологија со паразитологија.

Делокругот на работа подразбира интердисциплинарна работа во делот на издавање на резул­тати, интерпретација на резултатите, се со цел да се дојде до вистинска дијагноза за пациен­тите; повремено сугерирање на можностите за терапија, сето тоа заедно со цел да се креира задоволство кај клиентите и верба во нашата работа. Работата во лабораторијата рефлектира вистински квалитет кога услугата ќе ги задоволи договорените барања со клиентите и кога резултира со оптимална ефикасност.

б) Управата на ПЗУ СИНЛАБ е согласна да се спроведе системот за квалитет и ги става на располагање сите потребни ресурси за унапредување на квалитетот во лабораторијата, како и целосна подготовка на персоналот како што е предвидено со системот за управување со квалитет. Врз база на заклетвата на докторите по медицина (Хипократова заклетва) добросостојбата на пациентите претставува највисок приоритет. Пациентот е оној кој треба да има бенефит од нашата работа.

в) Медицинската дијагностика во лабораториската медицина е недвосмислено и исклучиво меди­цинска стручна работа на доктори на медицина специјализирани за клиничка биохемија и доктори на медицина специјализирани за микробиологија со паразитологија. Цели на квалитетот при работењето се: коректно ракување со примерокот на пациентот, систематична и точна обработка на упатите, трансмисија на точни резултати до клиентите, медицинска интерпретација, усогласеност на сите постапки со најновите медицински и научни сознанија како и со стандардот МКС ЕN ISO 15189: 2013, систематично и детално следење на сите фази на лабораторискиот процес на сите позиции и работни места, континуирана комуникација со клиентите и воспоставување на стручни релации. Обезбедена е рамка со испитување на критериумите за квалитет за преиспитување на целите.

д) Сите вработени се запознаени со системот за управување со квалитет и согласно него ја спроведуваат во пракса политиката на квалитет, запознаени се со потребната документација и нејзината примена во практиката.

е) Во својата работа СИНЛАБ се грижи и е посветена на воспоставување и спроведување на квалитет во својата работа согласно стандардот МКС ЕN ISO 15189: 2013.  Политиката на квалитет е јавна, транспарентна и јасна за секој вработен. Одржувањето на квалитетот е мандат и обврска на управителот, на менаџерот за квалитет, а исто така, тоа е обврзен дел во работата на сите вработени. Секој вработен е одговорен да спроведува квалитет во назначената работа која ја извршува.

Управител,

М-р д-р Маја Тодоровска