Кодекс на однесување на Групацијата СИНЛАБ

Лојалноста и интегритетот станаа клучни концепти во современото корпоративно управување, бидејќи одржливиот развој на бизнисот е возможен само кога компанијата може да верува во постојаноста на нејзините акционери, потрошувачи, набавувачи и вработени – на локално и на глобално ниво. А стекнувањето на таа доверба може да се оствари само со постојано одржување и придржување до високи стандарди на општественото и етичкото однесување. Овој Кодекс на однесување е наменет за воспоставување јасни стандарди за сите вработени во Групацијата СИНЛАБ.

Ефикасната имплементација на Кодексот на однесување претставува врвен приоритет за менаџментот на СИНЛАБ. Овој Кодекс на однесување е обврзувачки, без исклучоци. Сите вработени се должни да се придржуваат до одредбите на Кодексот.

Кодексот на однесување ги изразува нашите верувања и вредности. Тој е одраз на нашето заедничко сфаќање за интегритетот во секојдневното одвивање на бизнисот. Тој нагласува како се имплементираат овие принципи и како се применуваат во секојдневните ситуации.

Секој вработен може да контактира со неговиот или нејзиниот менаџер за надзор, одговорното лице за усогласеност, Комитетот за усогласеност или со Одборот за усогласеност за прашања што се однесуваат на Кодексот на однесување, како и за можни пријавувања за негово прекршување. На чело со извршниот финансиски директор, Одборот за усогласеност е составен од претставници од одделите за човечки ресурси, групно контролирање, благајна, контрола на инвестиции, група за внатрешна ревизија и правниот оддел, како и претставници од Комитетот за усогласеност. Одборот и Комитетот за усогласеност ќе ги чуваат строго во тајност извештаите за прекршување на Кодексот што се поднесени до нив. Нема санкции и репресалии како резултат на консултирање со одговорните лица за усогласеност, Комитетот и Одборот за усогласеност.

По воведувањето на овој Кодекс на однесување, секој од нас прифаќа лична одговорност за осигурување дека Групацијата СИНЛАБ секогаш ќе го одржува добриот углед низ светот и ќе се смета за партнер со етика и интегритет.