Етички кодекс на вработените во ПЗУ Синлаб

Со овој Кодекс се утврдуваат основните етички начела во извршувањето на професионалните задачи на вработените во ПЗУ СИНЛАБ, односите кон клиентите и пациентите како и меѓусебните односи на вработените во ПЗУ СИНЛАБ.

Одредбите од Кодексот се однесуваат на сите вработени во ПЗУ СИНЛАБ: здравствени работници, здравствени соработници и административен персонал. Сите тие се должни да се запознаат со одредбите од Кодексот и да се придржуваат на истите, а Менаџментот на ПЗУ СИНЛАБ е должен на вработените да им овозможи да се запознаат со Кодексот и да го следи почитувањето на неговите одредби.

Против вработените кои не се придржуваат на овие одредби Менаџментот е должен да побара од Управителот да покрене дисциплинска постапка.

Етичкиот кодекс на ПЗУ СИНЛАБ е усогласен со одредбите од Кодексот на однесување на Групацијата СИНЛАБ(*) и Кодексот на медицинска деонтологија на Лекарската комора на Македонија(*).