Главата на пациентот се фаќа со шака и откако добро ќе ја отвори устата се доведува до положба при која деловите од кои земаме материјал се добро изложени на светло. Со стерилна шпатула се притиснуваат предните 2/3 од јазикот и пациентот изговара "А", при што тонзиларните регии и задниот дел на ждрелото стенуваат видливи и пристапни. Треба да се вимава да не се допре јазикот и ѕидовите на усната празнина. Во тој момент се пребришува слузницата само на фаринксот и тонзилите со ротирање на брисот, внимавајќи да не се провоцира рефлексот на гадење и повраќање.